ru24.pro
World News
Декабрь
2024

Бајден преиначи 37 смртни казни во доживотен затвор

0
Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги преиначи казните на 37 од вкупно 40 осуденици на смрт. Според одлуката на 37 осуденици казната им е преиначена во доживотен затвор без можност за условно ослободување.


Со тоа Бајден го осуети планот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за забрзување на темпото за извршување на смртните казни.




Одлуката за помилување на еден претседател не може да биде поништена од неговиот наследник.


Трамп за време на првиот мандат (2017-2021) повторно ги почна федералните егзекуции по пауза од 20 години, додека Бајден, уште во кампањата соопшти дека е против смртната казна, а по преземањето на функцијата, во јануари 2021 година, ги стопираше егзекуциите.


Неодамна Бајден им ги ублажи казните на приближно 1500 затвореници кои беа ослободени од затвор и ставени во домашен притвор за време на пандемијата на коронавирус и помилува 39 други кои беа осудени за ненасилни злосторства. Помилувањето следеше по општата амнестија за неговиот син Хантер, кој беше гонет за оружје и даночни прекршоци.