ru24.pro
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Обвинителството ги презентираше материјалните докази за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски

0
Над 200 материјалните докази за убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот Панче Жежовски презентираше обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска на рочиштето во Кривичниот суд на 20 декември. Дел од доказите биле траги од ДНК кои го поврзуваат еден од обвинетите со киднапирањето на девојчето. 


Обвинети за двете убиства се Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари за помагање. Тие на првото судско рочиште се изјаснија за невини. 




Според податоците од обдукцијата, убиствата биле извршени од непосредна близина со пиштол кој имал калибар од 9 милиметри.  Обвинителката Крстевска Јосифовска кажа дека психијатриското вештачење на обвинетите потврдиле дека биле пресметливи.


Откако ќе заврши презентирањето на материјалните докази на Обвинителство, следува сослушување на сведоци на одбраната.


Малолетната Вања и велешанецот Панче, кои беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември 2023 година.


Палевски, како првоосомничен беше уапсен во Турција на 5 декември лани, а турските власти и го екстрадираа на Северна Македонија на 15 мај годинава.