ru24.pro
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Студентите во неизвесност за бесплатно возење со ЈСП, бараат и меѓуградски бесплатен превоз

0
Билетарниците на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не им ги продолжуваат годишните карти за наредната година на студентите за бесплатен јавен превоз во главниот град.  Претседателот на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Александар Николоски, изјави дека веќе пратиле апел до Владата, Министерството за образование и наука, Советот на Град Скопје, градоначалничката Данела Арсовска и до ЈСП „Скопје“, како што рече, „да се произнесат јавно дали се предвидени средства за бесплатен превоз на студентите во градот Скопје“.


„Затоа што билетите за 2025 не се продолжуваат на билетарниците на ЈСП. Од друга страна, од МОН се произнесоа дека се предвидени средства. Во текот на септември градоначалничката имаше дадено изјава дека има заостанат долг во неколку милиони денари којшто треба да се плати, покрај од страна на Министерството и Владата. Останува да почекаме одговор од страна на институциите“, изјави Николоски.


На прашањето какво образложение добиле од институциите, рече дека „дел кажуваат дека нема да има бесплатен градски превоз“, а од ЈСП во телефонска комуникација им било кажано дека „се уште се чека одлука од Град Скопје“.


Доколку останат без бесплатен превоз, една од опциите, рече Николоски, е да протестираат пред институциите.




„Другата опција е активно да комуницираме и да притискаме мерката да продолжи затоа што ако МОН предвидело средства, треба МОН и Град Скопје како одговорни институции да се договорат што ќе прават со заостанатиот долг, а тековно да си продолжи бесплатниот градски превоз како мерка за студентите, додаде Николоски.  


На промоцијата присуствуваше и заменик-министерот за образование и наука Лулзим Алиу кој на прашањето за проблемот со бесплатниот превоз на студентите во Скопје, колку пари должи МОН и дали се обезбедени средства во буџетот, кој Собранието го усвои минатата недела, не одговори конкретно.


-Можам да кажам дека во буџетот за 2025 се предвидени средства за транспорт на студентите, но за тоа ќе треба да се донесе дополнителна одлука од страна на Владата. Буџетот треба да помине на Собрание, да не кажуваме бројки кои може да бидат изменети и додека се носи буџетот, рече Алиу.


Форумот за образовни промени (ФОП) денеска промовираше иницијатива за субвенциониран студентски превоз за редовни студенти кои студираат надвор од местото на живеење. 


Предлогот има две опции – првата е месечна карта за десет патувања што би чинела околу 1.100 денари и втора опција е месечен билет за неограничен број на патувања што би чинел околу 2.150 денари. Нагласи дека со ваква субвенција ќе се намали финансискиот товар на студентите и нивните семејства.