ru24.pro
World News
Декабрь
2024

Продажбата на „Македонијатурист“ ја „втурна “ берзата во вртоглав раст

0
Македонската берза е на чекор до уривање на рекордот во раст на цените на акциите. Од почетокот на годинава до сега вредноста на акциите на македонската берза пораснаа за 49 проценти. Само вкупниот промет од тргувањето со хартии од вредност во ноември изнесува 41,3 милиони евра, колку што изнесувал вкупниот промет од тргувани акции во првата половина од 2023 година. Акциите на „Комерцијална Банка“, „Алкалоид“ и „Македонијатурист“, беа најпримамливи за играчите на берза.