ru24.pro
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми за 0,92 отсто

0
Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. 


Во првиот блок, како што наведе, зголемувањето е 0,68 проценти, во вториот за 0,9 проценти, во третиот за 1,93 проценти, во четвртиот за 2,24 проценти, додека во евтината тарифа за 0,9 проценти. 


„Тоа значи дека едно просечно домаќинство во државата кое има сметка од 2300 денари, зголемувањето ќе има зголемен трошок од 21 денар“, рече Бислимоски на прес-конференција. 




Согласно барањето на ЕВН хоум, цената за домаќинствата, како што рече, требаше да се зголеми за 4,4 проценти.


„Во најголем дел немавме разлики, а единствената разлика која постои меѓу тоа што сега го одобривме и тоа што го достави ЕВН е во однос на факторот на корекција  и за да обезбедуваме ценова стабилност и цени кои ќе имаат минимално влијание врз вкупните трошоци за електрична енергија на граѓаните постапивме на овој начин. Како што ветивме, просечната цена на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за 0,92 проценти,“ рече Бислимоски.


АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови.


Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година.