ru24.pro
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Закажани нови протести во Нови Сад

0
Српски студенти најавија протести претпладнево пред Собранието на Војводина каде во 10 часот на седница се предлог-буџетот за следната година и 24 други точки, јавија српските медиуми.


Причината за протестот во Нови Сад е што меѓу 25-те точки на дневниот ред нема ниту една за „студентската борба, ниту за смртта на 15 лица“.


Во исто време, продолжуваат блокадите на факултети и дел средните училишта во Србија. 


Учениците ги повикаа граѓаните да донесат свирчиња, тенџериња и тави и се што прави врева, за како што велат „да им покажеме дека не можат да не игнорираат, дека не можат да не замолчат“.




Во сутеренот на Собранието на Војводина има и заклучен пратенички клуб, кој, како што може да се види на фотографиите што веќе кружат на социјални мрежи, е полн со припадници на жандармеријата.


Таков беше случајот пред десетина дена, на претходната седница на Собранието на Војводина, а беше случај и пред две недели кога градскиот парламент одржа седница на која се расправаше за разрешувањето на градоначалникот Милан Ѓуриќ.