ЕУ за протестите во Србија: Слободата на собирање е основно право
Европската унија (ЕУ) ја следи актуелната состојба во Србија и студентските протести, велат од Брисел за Радио Слободна Европа (РСЕ).
„Слободата на собирање е основно право што треба да се заштити и спроведе на мирен начин и со целосно почитување на владеењето на правото и јавниот ред“, се вели во денешниот писмен одговор од Службата за односи со јавноста на Европската комисија (ЕК).
Во Србија веќе еден месец траат протестите поради смртта на 15 лица кои загинаа по падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Граѓани, студенти, активисти, опозициски политичари бараат одговорност за оваа трагедија.
На тие собири имаше неколку напади врз студенти и граѓани кои во моментот на новосадската трагедија, во 11:52 часот, им оддаваа почит на жртвите со 15-минутно молчење.
Бетонската настрешница на станицата во Нови Сад се урна на 1 ноември, само неколку месеци по свеченото отворање по тригодишна реконструкција и тврдењата на официјалните лица дека е изградена според највисоките европски стандарди.
Вкупно 13 лица се уапсени под сомнение дека се одговорни за падот на настрешницата.