ru24.pro
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Интелектуалци од албанската заедница испратија писмо до Уставен суд за Законот за јазици

0
Повеќе од 250 интелектуалци - Албанци испратија отворено писмо до Уставниот суд, во кое бараат да не ја укинува службената употреба на албанскиот јазик, во пресрет на седницата на судот на 11 декември на која ќе се одлучува за повеќе оспорени одредби во Законот за јазици. 


Меѓу потписниците се и ректорите на три универзитети на албански јазик: Абдулменаф Беџети – Универзитет на Југоисточна Европа, Јусуф Зејнели – Универзитет во Тетово и Изет Зеќири – Универзитет „Мајка Тереза“.


„Од она што сме имале можност да го слушнеме од вас, почитувани судии, како и од некои високи политички претставници (како на пример, изјавите на премиерот Мицковски, кој тврди дека ќе се укинат само два-три члена од законот), имаме причина да се сомневаме дека можете да станете учесници во остварување на сценарио со политички мотиви, кое го има за цел токму она што отворено се декларира на највисоко државно ниво“, се вели во писмото. 




Потписниците изразуваат надеж дека дека уставните судии нема да дозволат сценарија „кои ги повредуваат чувствата на секој албански државјанин“.


„Ваквата постапка би ја поткопала довербата на граѓаните, особено на Албанците, во функционирањето на институцијата што ја застапувате и од која се очекува да носи одлуки самостојно, според сопствени убедувања, врз основа на Уставот и законите, а не според политички влијанијe, од било која страна да доаѓале тие“, се вели во писмото. 


Според потписниците, досегашната работа на Уставниот суд предизвикувала тензии и незадоволство, секогаш кога тој донесувал еднострани и самоволни одлуки, кои довеле до сериозни последици врз меѓуетничките односи.


Демократска унија за интеграција (ДУИ) соопшти дека доколку Уставниот суд одлучи да ги укине оспорените одредби од Законот за употреба на јазиците, „последиците ќе бидат непоправливи“.


Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не постои опасност по безбедноста во државата по предупредувањето на ДУИ. 


Уставните судии Осман Кадриу и Насер Ајдари соопштија дека ќе ја бојкотираат седницата, бидејќи сметаат дека ќе дојде до надгласување и затоа не сакаат да учествуваат кога се расправа за прашања од албански национален карактер со извесен епилог.


Законот за употреба на јазиците беше оспорен во 2019 година, со 12 иницијативи поднесени од граѓани, политички партии(меѓу кои владеачката ВМРО-ДПМНЕ) и здруженија. Тие го спорат  Законот во целина и најголем дел од членовите одделно, како и Указот за прогласување на Законот затоа што не беше потпишан од тогашниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов. 


Неоспорен остана само ставот 1 од членот 1 кој вели дека на целата територија на државата и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо.