ru24.pro
World News
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Десетици уапсени во полициска акција против проевропските демонстранти во Грузија

0
Грузиската полиција уапси неколку десетици демонстранти во деветтата последователна ноќ на проевропски протести во Тбилиси насочени против одлуката на владата да ги прекине преговорите за пристапување во Европската унија(ЕУ).



Демонстрантите бараат нови избори и враќање на курсот кон европска интеграција. 



Безбедносните сили употребија солзавец и водени топови за да ги растераат илјадниците луѓе собрани пред парламентот во Тбилиси  вечерта на 6 декември.


Демонстрациите беа главно мирни додека полицијата не почна да ја расчистува областа, јави агенцијата АФП.




Судирите избија кога полицајците почнаа да ги апсат демонстрантите, додека тие пукаа со огномет кон безбедносните сили, според АФП. 



Полицијата соопшти дека се уапсени 48 лица поради непочитување на легитимни полициски наредби и ситно хулиганство. 



Кризата во Грузија трае откако владејачката партија Грузиски сон прогласи победа на изборите на 26 октомври. Владата, која критичари ја обвинуваат за зголемен авторитаризам и зближување со Русија, минатата недела објави прекин на преговорите за пристапување во ЕУ, што предизвика нов бран протести.



Партијата Грузиски сон, која е на власт повеќе од една деценија, во последните години донесе контроверзни закони кои го таргетираат граѓанското општество, независните медиуми и ги ограничуваат правата на ЛГБТК заедницата.



Брисел предупреди дека таквите политики се некомпатибилни со членството во ЕУ, додека домашните критичари ја обвинуваат владата дека ја копира тактиката на Русија.