ru24.pro
World News
Ноябрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29
30

Иран планира да инсталира „нови напредни“ центрифуги како одговор на резолуцијата на МААЕ

0
Иран на 22 ноември соопшти дека ќе започне со инсталирање на голем број „нови и напредни“ центрифуги како одговор на резолуцијата усвоена од  Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на Обединетите Нации, која ја критикува Исламската република за, како што вели, лошата соработка.


Резолуцијата, која доаѓа веднаш по враќањето на шефот на МААЕ, Рафаел Гроси од патувањето во Иран, наводно апелира дека е „суштинско и итно“ Техеран „да дејствува за да ги исполни своите законски обврски“.


Во заедничкото соопштение на иранското Министерство за надворешни работи и Агенцијата за атомска енергија се вели дека шефот за нуклеарна енергија Мохамад Ислами „издал наредба за преземање ефективни мерки, вклучително и лансирање на значителна серија нови и напредни центрифуги од различни типови“.


Иранското соопштение доаѓа откако одборот на МААЕ на 21 ноември издаде втора резолуција со која се осудува соработката на Техеран со агенцијата по слично предупредување во јуни.




Резолуцијата на МААЕ, поднесена од Франција, Германија и Велика Британија и поддржана од Соединетите Држави, доаѓа во критичен момент кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп се подготвува да се врати во Белата куќа во јануари.


Трамп за време на неговиот прв мандат започна кампања за „максимален притисок“ за засилени санкции врз Иран и еднострано ги повлече Соединетите Држави во 2018 година од историскиот договор од 2015 година со кој беа укнати некои санкции кон Иран во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма, за која Западот се сомнева дека е насочена кон развивање на нуклеарно оружје. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е мирна.


Резолуцијата донесена на 21 ноември, исто така, го повика Иран да соработува во истрагата која започна откако беа пронајдени честички од ураниум на две локации кои иранските власти не ги прогласија за нуклеарни локации.


За резолуцијата гласаа 19 од 35-те членки на одборот на МААЕ. Русија, Кина и Буркина Фасо се спротивставија, 12 членки беа воздржани, додека еден не гласаше, изјавија за АП дипломати кои сакаа да останат анонимни.


Исто така, Резолуцијата ја повикува МААЕ да излезе со „сеопфатен извештај“ за иранските нуклеарни активности до пролет.


За време на посетата на Гроси, Иран се согласи со барањето на МААЕ да ги ограничи залихите на ураниум. Сепак, иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи, кој беше главен преговарач на Техеран за договорот од 2015 година, предупреди дека Иран нема да преговара „под притисок“.