ru24.pro
World News
Ноябрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30

Прва седница на новиот бугарски парламентарен состав

0
Новоизбраниот бугарски парламентарен состав  (51. Народно собрание) претпладнево ќе ја одржи првата седница согласно указ од 5 ноември на претседателот Румен Радев, јави БТА.


Првата седница на Националното собрание ќе ја отвори најстариот присутен пратеник - во 51-от парламент, Силви Кирилов од „Има таков народ“ кој има 73 години додека најмладиот е од ГЕРБ-СДС и има 24 години.


Се очекува претставниците на парламентарните сили да дадат изјава за приоритетите и намерите на нивните групи.




Потоа ќе започне процедурата за избор на претседател со 51. Народно собрание, кој ќе претседава со седницата и ќе одржи говор. На дневен ред е и избор на потпретседатели на парламентот. Бугарскиот Парламент има 240 пратеници.