ru24.pro
World News
Ноябрь
2024

Пјонгјанг ги блокира ГПС сигналите во Јужна Кореја

0
Северна Кореја втор ден по ред, односно од петокот спроведува кампања за блокирање на сигналите од сателитскиот навигациски систем ГПС, која погоди повеќе бродови и десетици цивилни авиони во Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската војска.


Генералштабот на Јужна Кореја ја повика Северна Кореја веднаш да прекине со последната провокација и предупреди дека ќе одговара за своите постапки.


Војската повика на претпазливост за јужнокорејските цивилни бродови и авиони кои патуваат во и над Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот Полуостров.


Блокирањето на сигналите беше извршено во северните области на Хаеџу и Каесонг, соопшти војската.




Новите провокации дојдоа три дена откако јужнокорејската војска откри слична операција во вторникот.



Како и да е, овонеделните  обиди за блокирање на сигналикте се далеку послаби од оние извршени кон крајот мај. Според јужнокорејската влада, околу 500 авиони и стотици бродови пријавиле проблеми со ГПС уште во периодот помеѓу 29 мај и 2 јуни годинава.