Клиниката за неврологија давала дониран, ама нерегистриран лек за мигрена, утврдија ревизорите
Според ревизорите, лекот требало да им се дава на пациентите само ако за тоа имало согласност од министерот за здравство и одобрение за увоз на донацијата од Агенцијата за лекови.
За овој лек, чиј рок на употреба бил пократок од 12 месеци, такви согласности нема. Констатирани се и неправилности околу евиденција на лековите и условните буџети