Меџити: Имаме усогласеност во Владата за Закон за правична застапеност
Треба да најдеме начин евиденцијата на етничката припадност да не се коси со приватноста пред да донесеме нов Закон за правична застапеност, вели во интервју за Радио Слободна Европа, првиот вицепремиер Изет Меџити. Потврдува дека новиот директор на МЕПСО е негов братучед, кој е и еден од основачите на партијата. Меџити најавува дека на следна владина седница ќе се укинат и спорните онлајн казина.