„Набуко“ од Верди за затоплување на односите меѓу Скопје и Софија
Посетата на Сиљановска-Давкова на Софија е дел од културна дипломатија преку која може да се затоплат заладените односи со Бугарија, сметаат дипломатите, и да се создаде атмосфера во која би се отвориле и чувствителни прашања. Официјална потврда за средба на двата претседатели, стигна од кабинетот на Сиљановска-Давкова. Во меѓувреме владата во Скопје прави обиди да ја убеди ЕУ за уставни измени со одложено дејство.