Ниските капитални инвестиции ја држат минималната плата најниска во регионот
Северна Македонија во последниот период забави со реализација на капиталните проекти и со привлекување на странски инвестиции и тоа делумно е причина зошто има најниски минимални плати во регионот. Економски експерти предупредуваат дека платите мора да растат, особено за да се спречи иселувањето.