Влада на Мицкоски – само три жени министерки, вицепремиер близок до Москва
Веќе од наредната недела се очекува новите владини членови да ги преземат функциите. Владата ќе има прв вицепремиер и уште четворица други заменик-премиери. Еден од нив, важи за политичар кој одржува врски со Русија. Повеќето од идните министри веќе имаат искуство во извршување на функции во извршната, законодавната или локалната власт.