Трошок од 800 илјади евра за дијаспората, зошто гласањето не е онлајн?
Дијаспората ќе гласа само на претседателските избори, бидејќи не е исполнет условот за тоа да се случи и за парламентарните. Без разлика на ова партиските набљудувачи се на пат по светот, но имињата се тајна. Вкупно за ова се предвидени 800 илјади евра државни пари.