ru24.pro
World News
Март
2021

Полицискиот час останува на сила

0
Министерството за здравство соопшти дека полицискиот час од 22 до 5 часот ќе продолжи и од утре. Според министерството, во текот на неделата ќе се разгледа епидемиолошката состојба и ќе се утврди дали е потребно воведување дополнителни рестриктивни мерки.  Одлуката за воведување на полициски час беше воведена на 10 март, а истекува утре. 



Утре завршува полицискиот час, Филипче не ја исклучи можноста за нови мерки


Министерот за здравство Венко Филипче во петокот изјави дека на ја исклучува можноста за воведување дополнителни рестриктивни мерки доколку сегашните не ги дадат посакуваните резултати во менаџирањето на здравствената криза предизвикана од коронавирусот. Тој смета дека на почетокот на неделата ќе има резултати од полицискиот час што беше воведен пред повеќе од 10 дена.



Починати 25, заболени 642, а оздравени 524 пациенти од корона


Во последните 24 часа се направени 2.730 тестирања, а регистрирани се 642 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје. Регистрирани се 524 оздравени пациенти, а починати се 25 лица.