Вкупно 12 години затвор за тројца обвинети за напад врз косовската Изборна комисија
По пет години затвор добија двајца од обвинетите, Милун Миленковиќ и Александар Влајиќ, за нападот врз просториите на Општинската изборна комисија во Северна Митровица во декември 2022 година. Уште еден обвинет, Дејан Пантиќ, беше осуден на двегодишна затворска казна. Поради недостаток на докази, пак, еден обвинет – Миомир Вакиќ, беше ослободен од обвинение. Ваквата пресуда денеска, 28 јули, ја изрече Основниот суд во Приштина. Ниту еден од обвинетите не беше присутен на изрекувањето. За овој случај... Читать дальше...
