Владата го усвои предлог законот за правична застапеност
Владата го усвои предлог-законот за соодветна и правична застапеност, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски на прес-конференција по одржаната седница. Според Мицкоски, предлог-законот има јасна цел, администрацијата да биде вистински сервис за сите граѓани, изградена врз заслуги, знаење, професионалност и интегритет, согласно Уставот и Охридскиот рамковен договор. Тој вели дека со законот се отвора ново поглавје на професионализам во јавниот сектор, како на државно така и на локално ниво. Читать дальше...
