Почина Костас Симитис, поранешниот грчки премиер кој ја внесе Грција во еврозоната
На 88-годишна возраст утрово (5 јануари) ненадејно почина поранешниот премиер на Грција и поранешен лидер на ПАСОК, Костас Симитис. Тој за време на неговите два мандати ја внесе земјата во еврозоната. Воедно беше и првиот грчки премиер што во 2000 година го посети Скопје за Конференцијата на балканските земји, јавува новинската агенција МИА. Беше премиер од 1996 до 2004 година, а неговите два мандати се поврзани и со големите инфраструктурни проекти за подготовка на Олимписките игри во Атина во 2004 година... Читать дальше...