Регулативата на Централната банка на Косово платежните трансакции да се одвиваат исклучиво во евра не ја исполни својата цел, бидејќи динарите продолжуваат да циркулираат во српските области на Косово, а приходите од буџетот на Србија не се претвораат во евра, заклучува професорот по економија на Универзитетот во Приштина, Мејди Бекташи.
„Таа уредба беше избрзана одлука. Политичка одлука на оваа влада“, смета тој, додавајќи дека прашањето за укинување на динарот требало да се реши со дијалог за нормализација на односите меѓу Косово и Србија... Читать дальше...