КФОР ниту потврдува ниту демантира дека косовски полицајци ја преминале границата со Србија
Воената мисија на НАТО на Косово (КФОР) во петокот (22 ноември) ниту ги демантираше ниту ги потврди тврдењата на Министерството за одбрана на Србија дека група вооружени косовски полицајци оваа недела без овластување ја преминале граничната линија во селото Ќирковиќ на територијата на Општина Лепосавиќ. Наместо тоа, КФОР во својот одговор до Радио Слободна Европа (РСЕ) наведува дека ситуацијата долж граничната линија меѓу Косово и Србија е мирна и дека продолжува да го следи развојот на настаните. Читать дальше...