Северна Кореја втор ден по ред, односно од петокот спроведува кампања за блокирање на сигналите од сателитскиот навигациски систем ГПС, која погоди повеќе бродови и десетици цивилни авиони во Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската војска.
Генералштабот на Јужна Кореја ја повика Северна Кореја веднаш да прекине со последната провокација и предупреди дека ќе одговара за своите постапки.
Војската повика на претпазливост за јужнокорејските цивилни бродови и авиони кои патуваат во и над Жолтото Море, меѓу Кина и Корејскиот Полуостров. Читать дальше...