Во Германија е потврден првиот случај на новата варијанта на мајмунски сипаници
Во Германија за првпат е откриен новиот клад 1b варијанта на вирусот мпокс (мајмунски сипанци), соопшти денеска Институтот Роберт Кох (РКИ), пренесе ДПА. Првиот случај на кладот 1b варијантата на мпокс надвор од африканскиот континент беше потврден во Шведска во средината на август. „РКИ во моментов не прогласува зголемен ризик од кладот 1 вируси во Германија, но ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе ги приспособи своите препораки доколку е потребно“, објави институтот на својата веб-страница. Читать дальше...