ru24.pro
World News
Июнь
2018

Грушко: влегувањето на Македонија во НАТО може да предизвика внатрешни тензии

0
„Проширувањето на НАТО не ги решава безбедносните проблеми, туку креира нови линии на поделби“, изјави заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко во одговор на прашањето на руската новинска агенција Интерфакс за последиците од можното македонско влегување во НАТО. „Нашиот став спрема проширувањето на НАТО воопшто не е променет. Веруваме дека проширувањето на НАТО не решава ниту еден безбедносен проблем. Напротив, ги продлабочува и креира нови линии на поделби. Можеме да видиме дека секогаш кога овој процес е забрзан од геополитички причини, предизвикува тензии во земјите вовлечени во Алијансата“, изјави Грушко.