ru24.pro
World News
Март
2018

Пармаковска: Конечно можам да го пуштам „Одбројување“ на слобода

0
Во конкуренција од 27 дела, „Одбројување“, ненаметливо раскажаната потресна семејна драма од едно современо скопско секојдневие на Фросина Пармаковска, објавен од издавачката куќа „Или-Или“, е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2017 година. Престижното признание од оваа година го доделува новоформираната Фондација за промоција и унапредување на културните вредности „Славко Јаневски“.