ru24.pro
World News in Macedonian
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Најмалку 28 загинати, меѓу кои седум деца, во израелски напади во Газа

0
Во израелските воздушни напади загинаа 28 лица во Газа, меѓу кои седум деца, соопштија палестински медицински претставници, неколку часа откако Генералното собрание на Обединетите Нации(ОН) со големо мнозинство одобри две резолуции со кои се бара итен прекин на огнот во Газа, јави агенцијата АП. 



Еден од нападите срамни со земја објект во бегалскиот камп Нусејрат, според болницата за Ал-Акса, каде беа пренесени жртвите.



Во два други напади загинаа 15 мажи кои беа дел од локалните комитети формирани да обезбедуваат хуманитарни конвои. Комитетите беа формирани од раселените Палестинци во координација со Министерството за внатрешни работи на Хамас, јави АП. 




Гласањето во Генералното собрание на ОН на 11 декември следуваше по дводневна дебата, за време на која претставниците на земјите-членки на ОН главно повикаа на прекин на 14-месечната војна меѓу Израел и Хамас, прогласен за терористичка организација од страна на САД и ЕУ, и бараа пристап до целата територија на Појасот Газа со цел за да се спречи хуманитарна катастрофа.



Војната во Газа почна на 7 октомври 2023 година, кога милитантите предводени од Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел при што беа убиени околу 1.200 луѓе, главно цивили, а околу 250 луѓе беа киднапирани. 


Околу 100 заложници се уште се во Газа, од кои за најмалку една третина се верува дека се мртви.



Во израелската офанзива загинаа над 44.800 Палестинци во Газа. Повеќе од половина од нив се жени и деца, според Министерството за здравство на Газа, кое не наведува колку биле борци. Израелската војска соопшти дека убила над 17.000 милитанти, без да обезбеди докази.