Истрагата „Адитив“ опфаќа 23 осомничени за криминал „тежок“ 6,5 милиони евра
Перење пари, злоупотреба на службена должност и злоупотреба на постапката за јавен повик, се кривичните дела за кои се сомничат 23 лица во акцијата именувана како „Адитив“. Обвинители, истражители и полицајци извршиле 77 претреси во Битола, Неготино, Велес, Кичево и Скопје.
Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција соопшти дека издадени се и три наредби до Управата за финансиско разузнавање и низа наредби за обезбедување на податоци до надлежните инститиции и МВР.
Според соопштението од Обвинителството, во период од април минатата година до август годинава, дел од осомничените во својство на службени лица во АД ЕСМ и Пошта на Северна Македонија, создале криминална група. Тие се сомничат дека свесно ги изиграле правилата за јавни набавки за адитив за јаглен за потребите на РЕК Битола.
„Откако организирале и извршиле пререгистрација на дејност на правните субјекти во нивна сопственост, осомничените управители и сопственици на правни лица, како учесници во постапки (економски оператори), меѓусебно се договарале да ги изиграат постапките за набавка на адитив за јаглен за потребите на АД ЕСМ – Подружница РЕК Битола и подружница РЕК Осломеј. На начин опишан во диспозитивот на наредбата, овозможиле кривично одговорно правно лице да го добие Договорот за јавна набавка за набавка на адитиви против формирање на згура/троска при согорување на јаглен во котел, адитив RPT 601, 190.000 кг. за потребите на РЕК Битола и 120.000кг. адитиви RPT 602 за потребите на РЕК Осломеј“ се вели во соопштението.
Во него е наведено дека со тоа осомничените се стекнале со 6,5 милиони евра. Од Обвинителството велат дека акцијата е се уште во тек, дека се собираат материјални докази и дека за дополнителни детали ќе биде известена јавноста во текот на утрешниот ден.
Претходно премиерот Христијан Мицкоски изјави дека еден од осомничените, поранешниот генерален директор на ЕСМ Васко Ковачевски подолго време не е во државата.
„Не е во државата подолго време но очекувам и да го обезбедиме и да го вратиме во државата“, одговори кусо Мицкоски на новинарско прашање на прес конференција.
Осомничени се дел од поранешни директори на ЕСМ и РЕК Битола. Меѓу осомничените се Васко Ковачевски, како поранешен генерален директор на ЕСМ, потоа Васко Стефанов, неговиот наследник и Пеце Матевски, поранешен директор на РЕК Битола, јавува Телма.
Според новинарското истражување на ИРЛ, поштенска службеничка во време на енергетската криза станала единствен понудувач на адитиви за јаглен, со што добила од ЕСМ бизнис „тежок“ 7 милиони евра. Според нивното истражување, таа му ги продала на ЕСМ адитивите по многу повисоки цени од оние кои се нудат на пазарот, односно разликата во цената за целата набавена количина од 190 тони била 2,6 милиони евра.