Велика Британија,Франција и Германија го повикаа Иран да го „запре проширувањето на нуклеарната програма“
Велика Британија, Франција и Германија во вторникот извршија притисок врз Иран „веднаш да ја запре својата нуклеарна ескалација“ откако Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН ( МААЕ) објави дека Техеран нагло ја засилил активноста за збогатување ураниум.
„Ние, владите на Франција, Германија и Обединетото Кралство, ги осудуваме најновите чекори на Иран... за проширување на неговата нуклеарна програма“, се вели во заедничката изјава на трите земји, додавајќи дека тие „силно го повикуваат Иран да ги повлече овие чекори и веднаш да ја запре нејзината нуклеарна ескалација“.
Минатиот месец, 35-члениот одбор на гувернери на Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН усвои резолуција со која се осудува Иран за неговиот недостиг на соработка за нуклеарните прашања.
Резолуцијата, која доајде веднаш по враќањето на шефот на МААЕ, Рафаел Гроси од патувањето во Иран, наводно апелира дека е „суштинско и итно“ Техеран „да дејствува за да ги исполни своите законски обврски“.
Резолуцијата на МААЕ, поднесена од Франција, Германија и Велика Британија и поддржана од Соединетите Држави, доаѓа во критичен момент кога новоизбраниот претседател Доналд Трамп се подготвува да се врати во Белата куќа во јануари.
Трамп за време на неговиот прв мандат започна кампања за „максимален притисок“ за засилени санкции врз Иран и еднострано ги повлече Соединетите Држави во 2018 година од историскиот договор од 2015 година со кој беа укнати некои санкции кон Иран во замена за ограничување на неговата нуклеарна програма, за која Западот се сомнева дека е насочена кон развивање на нуклеарно оружје. Иран тврди дека неговата нуклеарна програма е мирна.