ru24.pro
World News in Macedonian
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

Платите на функционерите нема да растат, а администрацијата ќе добие К-15

0
Платите на функционерите, судиите. членовите на Судскиот совет и јавните обвинители ќе се замрзнат. Владата на седницата одржана на 10 декември донесе одлука со која платите ќе им бидат замрзнати преку интервенција во коефициентите за пресметка на плати.


Владата ги задолжи Министерство за економија и труд и Министерство за правда да достават измени и дополнувања на законите со што ќе се регулираат утврдените коефициенти за пресметка на платите.



„Актуелните законски решенија предвидуваат пораст на платите на избраните и именуваните лица, но Владата со цел да го заштити јавниот интерес и да нема дополнителни фискални импликации врз Буџетот донесе одлука со која ќе се направи измена и дополнување на законите каде нема да се загрози и влоши состојбата на избраните и именувани лица. Односно ветивме дека едно е сигурно и тоа го исполнуваме зголемување на платите на избраните и именуваните лица нема да има. Со ова замрзнување го намалуваме тој процент од година во година, се со цел да дојдеме до процент еднаков на нула“, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева.






На денешната владина седница донесена е и одлука да почне исплатата на К15 за сите вработени во администрацијата за што се обезбедени околу 16 милиони евра. 


„Донесена е и одлука со која им се препорачува на сите органи на државната управа да не вршат исплата на 13-та плата со цел да не се предизвикаат дополнителни фискални импликации врз Буџетот“, додаде Митева.


Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, на 6 декември по состанокот во Економско-социјалниот совет (ЕСС) изрази оптимизам за зголемување на минималната плата на 450 евра, истакнувајќи дека растот на платите е неопходен поради нискиот животен стандард и трендот на иселување.


„Аргументите за нискиот стандард и зголемените плати во регионот ни даваат надеж дека ќе најдеме решение во наредните денови,“ рече Трендафилов.


Тој додаде дека охрабрува ветувањето за следни средби и зголемени средства за плати во Буџетот за 2025 година.


Претходната Влада предводена од СДСМ и ДУИ во март годинава, во пресрет на изборите ги  намали коефициентите за пресметка на плата на 157 функционери. Со оваа одлука на пратениците се стопираше само мартовскиот раст на платите на избраните и именуваните лица, но им остана минатогодишното зголемување од 78 проценти.


Според Одлуката, објавена во Службен весник во март годинава, коефициентите за функционерите што ги назначува Владата од тогаш до сега, се движат од 1,91 до 3,48. 


Платите на функционерите се пресметуваат така што основицата, во случајот просечната бруто плата за минатата година се множи по одреден коефициент во зависност од функцијата.



Избраните и именувани функционери од април минатата година земаа плати повисоки за 78 отсто, што предизвика незадоволство и протести кај разни групи работници и кај пензионерите. Работниците бараа и нивните плати да пораснат за онолку за колку што пораснале функционерските, но тоа не се случи.