ru24.pro
World News in Macedonian
Декабрь
2024
1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11
12
13
14
15
16
17
18
19
20
21
22
23
24
25
26
27
28
29
30
31

„Што ви дишат децата?“ прашаа демонстрантите пред Владата

0
Стотици граѓани излегоа на протест на 10 декември пред Владата со парола „сакаме да дишеме, сакаме воздух“. Денешниот протест го организира инцијативата „Зелен Хуман Град“. Оттаму бараат итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку спроведување на ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето. „Филтри за фабриките не за инстагра“, „Што ви дишат децата“ и „Ви делат ли чист воздух од партија“ беа дел од транспарентите на демонстрантите.


„Колку чини загадувањето, во суштина, повторно странци ни пресметаа. Во 2019 година по смртните случаи од ПМ 2.5 честичките трошокот кон градот Скопје е над 200 милиони евра. Ова го истражи европскиот истражувачки центар, а не нашите институции. За нашите институции се е во ред изгледа. Конечно, доста е, дајте пари за загадувањето сега, ако треба магичното стапче на Хари Потер ќе им го дадеме. Ако не го решиме проблемот, тој ќе не реши нас“, изјави граѓанскиот активист и советник во општина Центар од иницијативата „Шанса за Центар“ Јане Димески.


Протестот почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжи пред Собранието, а ќе заврши пред Владата.




Скопје честопати се наоѓа меѓу десетте најзагадени градови во светот, но единствената мерка која често се применува е бесплатен јавен превоз кога воздухот е најзагаден три дена по ред.


Организаторите на маршот, соопштија дека протестот се организира бидејќи секоја година од 3.828 до 5000 луѓе во државава ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5.


Секој деветти смртен случај кај новороденчињата во Северна Македонија е поврзан со загаден воздух“, објави агенцијата на Обединетите нации во септември годинава.


Со концентрации кои во континуитет го загрозуваат здравјето на граѓаните, Северна Македонија со години е рангирана на врвот меѓу земјите со најзагаден воздух во Европа.


Официјалните податоци на државниот мониторинг секоја година покажуваат дека градовите како Скопје, Битола и Тетово имаат високи концентрации на ПМ2,5 и ПМ10 честички, особено во зимските месеци. Во февруари 2024 година, Скопје повторно се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот, а просечните нивоа на ПМ10 или ПМ2,5 честички ги надминуваат дозволените граници повеќе од 100 дена во годината.




Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) на почетокот на 2024 година објави извештај „Аерозагадувањето во Р.С. Македонија и ризици по здравјето“, според кој речиси 18 отсто од вкупната смртност во Северна Македонија можат да се препишат на изложеноста на тековните концентрации на ПМ2.5 честички.


Загриженоста се зголемува особено во пресрет на зимската сезона кога загадениот воздух станува „видлив“ поради греењето на домаќинствата, емисиите на штетни гасови од транспортот и индустриските активности, урбанизацијата.




Власта оваа сезона излезе со краткорочни мерки против аерозагадувањето, како што се проверка на испусните гасови на автомобилите, забрана за товарни возила во урбаните средини, вонредни контроли во индустриските капацитети и на градилишта. Станува збор за краткорочни мерки кои се дел од последниот Акциски план усвоен од страна на Владата, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање информираше пред две недели.